Вести
ГОСТИВАР! Згрми во „Младост“ на првиот тренинг на КК Гостивар (фото)

Точно во 17 часот и 30 минути, тренерот на КК Гостивар Марјан Србиноски денеска ја изврши првата прозивка во спортската сала Младост. „Бело-сините“ и официјално ги започнаа подготовките за претстојната прволигашка сезона 2019/2020. Подготовките ќе ги одработат во Гостивар, каде после неколку неделниот „сув“ тренажен процес, ќе одиграат неколку контролни натпревари.
Помеѓу играчите на првиот тренинг можеа да се видат веќе познати имиња од минатата сезона, освежени со кошаркари од младинската школа, но и неколку нови кои треба да донесат нова енергија во гостиварскиот клуб.
На Србиноски во претстојната сезона на располагање ќе му бидат играчите: Ренато Димитриески, Роберт Димитриески, Ивица Димчевски, Диме Тасоски, Милан Димитриески, Александар Костоски, Оливер Тасков, Таулант Ибраими, Марко Пецаноски, Кристијан Столески, Борис Дуковски, Тома Стојаноски, Роберт Срезоски, Александар Ристоски и најновите инвестиции на клубот американците Донован Доналдсон и Браон Бреди. На клупата како и минатата сезона ќе му асистираат Душко Јаковчески и Никола Димитриески.
За амбициите во сезоната 2019/2020 од раководството на гостиварци не се расфрлаат со коментари, мудро одговараат и ги чекаат први сигнали од стручниот штаб. Но, според големината на клубот, управата, ентузијазмот, играчкиот кадар, искуството, публиката, со сигурност може да кажеме гостиварци нишанат некаде на врвот.
„Наша цел сезонава е да продолжи убавата кошаркарска приказна во градот, да ја задоволиме нашата верна публика со максимална борбеност на теренот и да прикажеме добри и атрактивни партии. КК Гостивар е најголемиот репрезент на Гостивар, се надеваме дека ќе има кошарка до крајот на јуни“, велат од КК Гостивар.
Иако, жежок летен ден во Гостивар, иако сезоната не е ни на повидок, иако ова е најредовен тренинг на кошаркарите, гостиварскта публика по којзнае кој пат ја покажа својата големина со присуството и искрената поддршка која им пружија на кошаркарите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар