Вести
Гостивар: Жена искршила прст во машина во фабрика, момче се затруло со таблети
Лекарите во гостиварската болница вчеравечер имале полни раце работа. Два од случаите кои ги третирале се издвојуваат. Гостиварка го искршила прстот во машина во фабрика во која работела, додека момче од Добри Дол добило труење од таблети.
Како што информираат од полицијата, на 30-годишна гостиварка додека работела во фабрика во селото Здуње, и се закачил џемперот на производната лента, па сакајќи со левата рака да го откачи, палецот и се заглавил во машината и се здобила со фрактура. По укажаната лекарска помош во Ургентното одделение во гостиварската болница жената била пуштена на домашно лекување.
Дваесетгодишно момче од Добридол, пак, било донесено во болницата со симптоми на труење. Според кажувањето на неговото семејство, тоа посегнало по таблети-антидепресиви во моменти на емоционална растревоженост и тага. Лекарите му пружиле медицинска помош и го пуштиле дома.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград