Гостивар
Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби гостиварецот Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект.
„Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, дискурс во духот на македонскиот јазик. Преводот на ова волуминозно дело, и по обем, и по содржина, несомнено, изискува голем труд, посветеност и истражувачка работа. Дијалозите се спонтани, а драматичното преплетување на историските факти и фикцијата, во симбиоза со психологијата на главниот лик, нудат несекојдневно читателско искуство.“, се вели во Одлуката на Комисијата за доделување на наградата во состав: Јана Михајловска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Милан Дамјановски.
Романот „Заробеништво“ од современиот унгарски поет, прозаист, драмски автор и есеист Ѓерѓ Шпиро е мошне комплексен историско-авантуристички роман сместен во времето на Римското царство од добата на Јулио-Клавдиевската династија во 1. век од новата ера. Младиот Евреин Ури, по низа околности, ќе се најде вплетен во клучните настани од тој период и тоа во хронотопската тријада: Рим – Ерусалим – Александрија. Како ликови, во романот, меѓу другите, циркулираат и Калигула, Понтиј Пилат, Исус.
Панзов дипломирал на катедрата на македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Институтот за македонска литература, Докторант е на Докторска школа за книжевност Универзитет „ЕЛТЕ“ во Будимпешта. Работи како лектор по македонски јазик на истиот Универзитет. Активно се занимава со книжевен превод од 2005-та година. До сега сам или заедно со Анамарија Цинеге-Панзова, објавиле повеќе од триесет преводи од унгарски јазик.
Доделувањето на наградата за најдобар книжевен превод го организира издавачката куќа „Антолог“ од Скопје
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог