Поврзи се со нас

Гостивар

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Објавено

на

    Со цел да се излезе во пресрет на децата од семејства од ранливи категории на подрачјето на Гостивар, Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ финансиски ќе помогне во покривањето на трошоците за еднодневните екскурзии кои ги организираат училиштата. Субвенциите се наменети за неколку категории социјални загрозени семејства: корисници на правото на гарантирана минимална помош, на правото на детски додаток и на правото за посебен додаток, како и деца на самохрани родители.

    Сите детали за условите и аплицирањето може да се погледнат во јавниот повик го пренесуваме во целост:

    JАВЕН ПОВИК
    ОД ХУМАНИТАРНОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ДР. ТРАЈЧЕ НЕШКОВСКИ“ ГОСТИВАР
    за доделување на субвенции на ученици во основните училишта на територија на општина Гостивар, деца на социјално загрозени семејства, за покривање на трошоците за еднодневните екскурзии организирани од училиштата за учебната 2023-2024 година

    1. Цел на јавниот повик

    1.1. Предмет на јавниот повик е доделување на субвенции на ученици во основните училишта на територија на општина Гостивар, деца на социјално загрозени семејства, за покривање на трошоците за еднодневните екскурзии организирани од училиштата за учебната 2023-2024 година.

    Целта на хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар е да го спречи оптоварувањето на семејниот буџет на овие категории на граѓани и децата да можат да се чувствуваат еднакви без оглед на социјалниот статус на семејствата. Учеството во ваквите настани кои имаат едукативен и социјален карактер се од особено значење за сите ученици.;

    1.2. Јавниот повик почнува од денот на објавување и ќе трае во текот на учебната 2023-2024 година, во согласност со динамиката и планираните екскурзии од училишните управи;

    1.3. Средствата што Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги обезбеди се во висина на вредноста на екскурзијата за секој ученик поединечно и тие ќе бидат префрлени на сметката на агенциите кои ќе ги реализираат екскурзиите;

    2. Право на учество на Јавниот повик

    2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат учениците (преку родители/старатели) запишани во основните училишта на територија на општина Гостивар, кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, ги исполнуваат условите од Јавниот повик и навремено ја доставиле потребната документација.

    3. Услови што треба да ги исполни барателот:

    – Ученикот да е запишан во некое од основните училишта на територија на општина Гостивар и да припаѓа на социјално загрозено семејство:
    – корисници на правото на гарантирана минимална помош;
    – корисници на правото на детски додаток;
    – корисници на правото за посебен додаток;
    – деца на самохрани родители;

    4. Начин на пријавување и потребна документација за учество на Јавниот повик

    4.1. За надоместување на трошоците за еднодневна екскурзија во основно училиште, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
    -Доказ дека детето е запишано во основно училиште на територија на општина Гостивар;
    -Доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории:
    -Нотарски заверена Изјава на родителот дека е согласен со личните податоци на детето да располага здружението, само заради докажување на условите кои се потребни за да се прифати барањето за надомест на трошоците за еднодневна екскурзија;

    Сите родители кои се заинтересирани да аплицираат на јавниот повик објавен од хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар, да ги достават потребните документи во скенирана форма на електронската адреса на здружението: [email protected], со назнака Апликација за Јавен повик или да достават Известување дека сакаат да аплицираат на повикот.

    Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ги извести градоначалникот општина Гостивар и Секторот за образование при општината за оваа инцијатива.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена