Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 10/07/2019 | 15:17

Гостиварец пронајден мртов во својот дом

Во текот на вчарашниот ден, околу 14.30 часот во Полициската станица Гостивар, Г.М.(68) од Гостивар пријавил дека во домот го пронашол починат неговиот сосед Н.Т.(59) од Гостивар, соопштуваат од полицијата.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Напишете коментар