Гостивар
Гостиварка нападната од бездомно куче

Триесет и петгодишната гостиварка А.Ј., вчера (12 септември) во СВР Тетово пријавила дека на улица „18 Ноември“ во Гостивар била касната од куче скитник.
Последниот период зачестени се нападите од бездомни кучиња. Глутници се собираат на различни локации, сеат страв, дел од нив се агресивни, а гостиварци реагираат дека некогаш поради чопорите кучиња не можат слободно да се движат по улица и бараат да се преземат мерки.
Градоначалникот Арбен Таравари пред десетина дена за проблемот кажа дека општината преку ангажирање оператори врши третман на животните, но дека се носат кучиња од други градови и затоа ги има во толкав број низ улиците.
Од СВР Тетово пак, рекоа дека кај нив никој до сега не пријавил појава на транспортирање и истоварување кучиња скитници на гостиварското подрачје.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!