Гостивар
Гостиварката Тамара Грујевска со нова песна и порака: Сите деца да се борат за своите желби!

Дванаесетгодишната Тамара Грујевска од Гостивар продолжува да гази цврсто на музичката сцена со својот ангелски глас. Новата песна која ја промовира носи наслов „Имам сила“ , создадена е од Роберт Билбилов (музика и аранжман) на текст од Тања Соколовска. Видео спотот е во режија на Дарио Јанковиќ.
„Многу сум задоволна и пресреќна од соработката со еден од најпознатите македонски автори кои создал голем број хитови, иако сум малечка, но сепак Роберт изрази задоволство да соработуваме и навистина се потруди да ми ја исполни желбата да имам квалитетна песна која ќе одговара на моите години, но и ќе се покаже квалитетот кој несомнено го поседувам. Задоволна сум и од спотот, Дарио Јанковиќ даде се од себе да направи убав спот кој ќе го објасни секој дел од текстот и мене ќе ме прикаже во едно модерно светло. Порака до сите деца да се борат за своите желби, сега е моментот кога се раѓаат желби и соништа кои треба еден ден да ни се исполнат.“, изјави за Gostivarpress.mk, Тамара.
„Имам сила“ покажува дека децата, покрај сите премрежја што ги доживуваат денес, имаат сила, ја чувствуваат љубовта околу себе, во молба кон Бог да бидат со нив, бидејќи срцата на децата се чисти и заслужуваат да сонуваат за својата иднина.
„Искрено се надеваме дека конечно ќе се процени квалитетот и потенцијалот на Тамара Грујеска и истиов проект ќе биде одлично прифатен од публиката, бидејќи Тамара е талент кој многу ветува. Тамара го усовршуваше својот глас во музичкото училиште на Андријана Јаневска – соло пеење, но сега веќе во музичкото училиште „Тодор Скаловски“ во Тетово. Посетува популарни светски жанрови, како и со online часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Cheryl Porterод САД. Проектот ќе ја покаже големината на македонската забавна поп музика, во делот на исклучително вредни дела од македонски автори и видео продуценти, но и големиот пејачки потенцијал на таленти од Македонија.“, вели таткото на младата пејачка, Дејан Грујевски, кој исто така се занимава со музика.
Тамара зад себе веќе има бројни успеси на музичко поле: годинава во февруари ја освои највисоката награда Гран При на Интернационалниот музички фестивал Golden Stars Rain во Русија, лауреат прв степен на Фестивалот “Езерски Бисери” во Струга, Гран при на интернационалниот Фестивал “Звездички” во Прилеп и Гран при на Фестивалот “Шкољкице” во Нови Сад Србија.
Во интервју за Gostivarpress.mk на почетокот од годината што ја трошиме изјави: „Музиката во мене има дом, веќе сум во светот на музиката, и моите планови се да настапувам на големи светски фестивали и натпревари, да освојам што повеќе награди но и да снимам повеќе свои песни и спотови. Сигурно да чекорам кон мојот прв албум.“
Првата песна насловена „Музиката во мене има дом“ ја промовираше во 2021-вата година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче