Поврзи се со нас

Култура

Гостиварската уметница Исмане Мехди со изложба во КИЦ Скопје

Објавено

на

Вчеравечер во Изложбениот салон на Културно информативниот центар во Скопје, беше отворена самостојна изложба на младата уметница од Гостивар, Исмане Мехди. Таа пред публиката се претставува со дваесетина дела работени во техника на платно, а изложбата е насловена „Симфонија на боите на универзумот“. Ова е четврта самостојна изложба на Мехди, која освен во земјава, изложувала и во Турција.

„Уметноста секогаш ќе остане глобален симбол на надеж, љубов, мир и афирмација, нешто  што ќе понуди моменти на утеха и ќе не‘ оттргне од моменталната ситуација со која се соочуваме. Бескрајна благодарност до Бехиџудин Шехапи историчарот и љубител на ликовната уметност за неговата критика, којашто ќе го шета светот заедно со моите дела. Исто така, бескрајна благодарност до организаторите на КИЦ-Скопје и Скопје Сити за поддршката.“, вели уметницата.

Исмане Мехди е родена 1990 година во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност при Државниот Универзитет во Тетово, оддел сликарство во класата на проф. Решат Ахмети. Член е на Здружението на ликовни уметници ДРАУДАКУМ. Работи како професор по ликовна уметност во училиштето „Исмаил Ќемали“ во Гостивар.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 17 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена