Гостивар
Гостиварски училишта добија грант од МОН за проекти за развој на мултикултурализам
Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од Јавниот повик за доделување средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.
На листата на основни училишта кои ќе добијат грантови, според бодови од рангирањето има седумдесет основни и 25 средни училишта. Меѓу нив се и гостиварските основни училишта „Мустафа Ќемал Ататурк“ и „Фаик Коница“ (Дебреше), како и средните> гимназија и техничко.
Активностите за кои ќе добијат грант повеќето од избраните основни училишта ќе ги реализираат во партнерство со други училишта, а неколку – самостојно.
Во објавата на резултатите со двете листи на училишта, МОН наведува дека со изградба на мултиетничко и мултикултурно општество се овозможува градење современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица