Поврзи се со нас

Гостивар

„Happy M fast food“ дава бесплатни оброци на социјално загрозени граѓани

Објавено

на

Согласно мерката за ограничување на движењето на граѓаните „Happy M fast food“, работи по ново работно време, од 9 до 20 часот секој ден, за викендите од 8 до 15 часот.

Во овој тежок период за сите, особено за социјално загрозените граѓани, култниот fast food од Гостивар дава свој придонес во справувањето со ситуацијата и за сите загрозени семејства, изнемоштени и бездомни лица преку волонтерите на Црвениот крст, обезбедува бесплатни оброци.

Безбедноста на потрошувачите и на нашите вработени е наш највисок приоритет. Вложуваме максимални напори сите потрошувачи да се чувствуваат добредојдени и безбедни. Направивме вонредни санитарни прегледи на сите наши вработени и секојдневно се врши дезинфекција во и околу нашиот објект. Поради состојбата во која се најдовме воведовме и нов систем и работно време од 9 до 20, за викенд од 8 до 15 часот, работиме исклучиво по шалтер систем Take & Go, примајќи порачки по телефон. Се најдовме во едно време каде хуманоста и човечноста треба да избие во прв план. Сакаме да ги повикаме сите загрозени категории на сограѓани на кои вистински им е потребна храна, преку волонтерите на Црвен крст да ни се обратат, им стоиме на располагање и бесплатно даваме оброк“, вели Зоран Тодоровски.

„Happy M fast food“ донираше храна во Центарот за деца со посебни потреби како и финансиски средства од 30.000 денари на Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар за да се обезбедат пакети со храна и други неопходни работи и преку мобилните тимови на Црвениот крст, стигнат до граѓаните кои не се во можност да ги напуштат домовите, а помошта им е неопходна.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена