Вести Гостивар
Хрватска ги зголеми сообраќајните казни – За недозволена брзина или поминување на црвено 2.700 евра

Хрватскиот парламент усвои значителни измени на законот за безбедност во сообраќај на патиштата, кој стапи на сила денес, 1 август 2019.
Воведени се нови глоби за сообраќајните прекшоци со цел да се подигне нивото на безбедност и сообраќајната култура на хрватските патишта.
Во летниот период доста туристи од земјава ја посетуваат Хрватска, обрнете внимание на сообраќајните правила во оваа држава. Новите одредби пред се предвидуваат поостри казни за на осумте најтешки прекршоци за кои е потврдено дека предизвикуваат несреќи со најтешки последици во сообраќајот.
* Надминување на дозволената брзина во населено место за повеќе од 50 км на час,
* Возење во спротивна или забранета насока на автопат, брзи патишта и пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила,
* Поминување на црвено светло,
* Одбивање на алко или дрога тест,
* Возење под дејство на алкохол над 1,5 g/kg и возење под дејство на опијати,
* Управување со моторно возилото без возачка дозвола,
* Управување со возило додека возачката дозвола е одземена поради негативни поени,
* Управување со возило додека возачката дозвола е одземена, а возачот исклучен од сообраќај како заштитна мерка.
За овие прекршоци пропишано е зголемување на парични казни од 680-2,000 евра, (како што беа до сега), на 1.350-2.700 евра и задолжителни заштитни мерки, односно забрана за управување со моторно возило од најмалку шест месеци за втор прекршок најмалку 12 месеци. За повеќе од три прекршоци одземање на возилото како средство за сторено кривично дело.
Предвидени се зголемувања на казните и за прекршоците:
* сигурносен ремен,
* неправилен превоз на деца во возило
* употреба на мобилен телефон додека возите.
За овие прекршоци од претходните 67 евра, казните се зголемени на 135 евра.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер