Вести
И најсилните знаат да пуштат солза – Михајловиќ пред новинарите соопшти дека боледува од леукемија
Легендата на светскиот фудбал, Синиша Михајловиќ, во негов стил, без влакна на јазикот закажа прес конференција за италјанските медуми, на кои им соопшти дека боледува од леукемија.
„Ве повикав лично од мене да слушнете дека имам леукемија, да не шпекулирате за да се продаде некој весник повеќе. Сигурен сум дека сите мислевте дека сум еден од последните кои може да се разболат, но тоа е животот“, низ солзи соопшти Михајловиќ, по што новинарите станаа и го поздравија со аплауз.
„Никој од нас не смее да мисли дека е неуништив, никој не мисли дека тоа може да му се случи баш нему. Но, кога ќе се случи, ви го менува вашиот живот за момент. Не се плашам од болеста, им го кажав тоа на моите најблиски и моите играчи. Кога ќе ја добијам оваа битка, се надевам ќе бидам во состојба да разговарам повторно со вас. Ништо во животот не ми е подарено, за се морав да се борам сам. Ќе се борам и против оваа болест“.
Многу емоции од човекот кој на теренот делуваше како да е од камен. Беше страв и трепет за најдобрите напаѓачи, но и голмани на светот. Левоногиот бомбардер, важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот. До сега е единствен фудбалер кој има постигнато хет-трик на еден натпревар од слободни удари.
Михајловиќ истакна дека ја прекинува своајата работа како тренер во Болоња и едвај чека да оди во болница, за да ја почне борбата против болеста, но во просториите каде се одржуваше пресот дојде и директорот на Болоња, Валтер Сабатини, кој рече: „Нашиот тренер покажа огромна храброст кога закажа конференција за новинари, за да разговара за својата болест. Овде сме да го поддржиме, што и да се случи да ви кажеме и ние јасно, Синиша останува тренер на нашиот тим“.
Бидејќи пресот одеше во живо, за тешката болест дознаа и навивачите на Болоња кои за кратко време се собраа пред кампот на клубот, да му дадат поддршка на нивниот тренер, средбата со навивичите по вторпат во ист ден му ги насолзија очите на Михаjловиќ.
Bellissimo l’abbraccio dei tifosi del #Bologna a #SinisaMihajlovic dopo l’annuncio della malattia in conferenza stampa. Ho i brividi. #ForzaSinisa #Mihajlovic ❤ pic.twitter.com/pQxJEoHB2C
— Vero 🖤💙 (@veronique__94) July 13, 2019
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар