Вести Гостивар
КФСМ: Од следната сезона со тројца странци на терен

Раководството на КФСМ преку соопштение до јавноста потврди дека е постигнат договор за промена на членот 32 од правилникот за натпреварување.
Тоа значи дека наместо досегашниот дозволен број на странци (дваjца) на теренот и задолжително (тројца) македонски кошаркари, во наредните сезони започнувајќи од 2019/2020, ограничувањето ќе биде на (тројца) странци на терен и задолжително (двајца) домашни кошаркари. Во една екипа максималниот број на стрaнци останува на четири.
Додека во завршниот Плеј-оф, бројот на странци на терен е неограничен.
„По иницијативата на Здружението на прволигаши за промена на членот од Регистрацискиот Правилник за минимален број на домашни играчи на терен во текот на целиот натпревар, Кошаркарската федерација на Северна Македонија организира неколку состаноци на кои покрај раководството на КФСМ присуствуваа и членови на Асоцијацијата на кошаркарски играчи и претставници од клубовите кои (ќе) се натпреваруваат во Прва лига мажи.
По одржаните состаноци донесено е конструктивно решение кое ги задоволува интересите на играчите и клубовите и ќе придонесе за понатамошен развој на домашните кошаркари, ќе ги поттикне клубовите интензивно да инвестираат во младинските селекции, а при изборот на странски играчи критериумот за квалитет да биде на високо ниво.
Измената ќе гласи: Клуб од прва лига мажи да има право на пријавување и настап на најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 2 (два) домашни играчи во игра на целиот натпревар до завршување на регуларниот дел, супер лигата и плеј-аут натпреварите. Во плеј-оф натпреварите (полуфинале и финале) како и во полуфиналните и финалниот натпревар во Купот нема да има ограничување на бројот на домашни играчи на терен во текот на целиот натпревар.
Правилото ќе биде процедурално процесирано низ структурите на КФСМ и ќе има неколкугодишна примена“ – се вели во соопштението на КФСМ.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја