Поврзи се со нас

Гостивар

Инфектологот Цана одржа две предавања во Гостивар: Против коронавирусот со високо ниво на лична хигиена

Објавено

на

Мијте ги рацете со сапун и вода, често. Кога кивате или кашлате, правете го тоа во марамче. Одржувајте високо ниво на лична хигиена. Ова беа главните препораки на доктор Фадил Цана, инфектолог од Инфективната клиника во Скопје, кој денес одржа предавања во Гостивар на тема „Заштита од коронавирус“.

Настаните беа организирани со цел граѓаните подетално да се запознаат што е коронавирус, кои се начините на пренесување и какви мерки треба секој човек да презема за да се спречи неговото ширење.

„Во екот на случувањата околу коронавирусот, добро е да ги потсетиме граѓаните на информациите што може да бидат од корист за заштита. Најосновно е одржувањето на личната хигиена, и за тоа постојано и насекаде се зборува. Дури и најзначајните личности од Светската здравствена организација при секој јавен настап порачуваат: Мијте ги рацете често. Потоа, кога кивате или кашлате, правете го тоа во марамче, а ако немате во моментов, тогаш во ракавот кај лактот. Едноставно, секој мора да даде придонес во спречување на ширењето како за своја лична заштита, така и за заштита на сите околу него“, изјави д-р Цана. 

Инфектологот во Гостивар одржа две едукативни предавања. Едно во основното училиште „Исмаил Ќемали“, а второто во општината.

„Го поканивме докторот Цана, затоа што сметаме дека е важно наставниците и децата да ги слушнат неговите совети и да добијат стручна информација околу превенцијата од коронавирус“, рече Шпреса Усеини, директор на ОУ „Исмаил Ќемали“.

Д-р Цана потенцираше дека карактеристично за новиот коронавирус е што предизвикува компликации на респираторните органи и што многу лесно и брзо може да се пренесе од човек на човек.

„Симптомите се слични на сезонскиот грип, и затоа во дијагностицирањето многу е важна таа епидемиолошка анкета, дали пациентот имал контекти со заболени, дали престојувал во некоја земја каде го има вирусот итн. Карактеристично за новиот коронавирус е што е високо контаминозно заболување, како што е и сезонскиор грип“, нагласи докторот.

Во Македонија до сега лабараториски е потврден еден заболен од корона. Како мерка за превенција, Владата минатата недела донесе препорака да се откажат јавните масовни собири до овој петок, 6 март. Дали препораката ќе продолжи, ќе се знае утре попладне.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена