Гостивар
Инспекторите не утврдиле прекршувања при контроли во угостителските објекти во Гостивар
Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн) за отворање и работа на угостителски објекти.
Поради увтрдени неправилности и прекршувања ДПИ најави дека ќе поднесе: 12 кривични пријави за непочитување наздравствените протоколи во угостителски објективо Скопје, Охрид, Битола и Кичево, 2 прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово, 1 прекршочна постапка за непочитување наработно време во објект во Кичево, 1 прекршочна постапка за прекршок по Законотза заштита од пушењето во објект во Скопје и 1 непостапување по издадено rешение запривремена забрана за вршење дејност одстрана на објект во Битола, за што ќе следифизичко запечатување на истиот со пломба.
Поединечно по градови, најмногу надзори и контроли се извршени во Скопје. Односно, ДПИ вчера во угостителски објекти во Скопје, изврши 8 надзори и 267 контроли. При тоа, за прекршување на протоколите ќе бидат поднесени 5 кривични пријави, една мерка за нерегистриран објект и една мерка за непочитување на забраната за пушење. Во Охрид, се извршени еден надзор и 43 контроли, а поднесена е една кривична пријава. Во Битола, ДПИ спроведе 7 надзори, изречена е една кривична пријава, и една мерка за непочитување на решение за привремена забрана за вршење дејност. Во Кичево, се извршени 6 надзори, 20 контроли, при што се изречени 5 кривични пријави и една мерка за непочитување напропишаното работно време. ДПИ во Тетово вчера изврши еден надзор, 30 контроли, и затекнат е еден нерегистриран објект. Останатите контроли и надзори се извршени во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Виница, Штип, Берово, Пехчево, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка, Кратово, кадешто не се утврдени прекршувања на законите и протколите.
Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, ДПИ апелира граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. „Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.“, наведуваат од инспекцијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски