Занимливости
Интересна физика: Зошто бумерангот се враќа?

Припадниците на нашиот вид користат бумеранг многу повеќе од она што го мислевме – илјадници години, пишува National Geographic.
Најстариот пронајден примерок е направен од коска од мамут, а интересно е што бумерангот се користел за лов. Ова необично оружје, кое во тоа време воопшто не му се враќало на тој што го фрлил, му овозможило на ловецот од голема далечина да го нападне пленот. Секако, на тој начин се ловеле претежно помали животни, а некаде се користи и денес, за лов на птици.
Се верува дека бумерангот каков што имаме можност да го видиме и да го искористиме денес, најчесто за игра, е создаден „случајно“. Се претпоставува дека некој издлабил бумеранг, но со погрешна форма. Ваквата алатка долетала назад кај тој што ја фрлил, после што се родила една од најмистериозните и најинтересните направи од човечка рака.
Меѓутоа, зошто се враќа?
„Крилјата“ на бумерангот, односно неговите краци се обликувани како крилја на авион. Тие се рамни на дното и прецизно заоблени одозгора, благодарение на што воздухот се „извртува“, а притисокот е помал над бумерангот отколку под него. Се разбира, секој кој некогаш фрлил бумеранг знае дека не е сѐ во формата, туку важно е и како е фрлен. Треба да се фрли вертикално, држејќи го за едното крило, додека другото е насочено нагоре, а центарот на бумерангот е насочен кон вас.
Во лет се врти во воздухот така што крилото што е над него се движи побрзо од она што лета пониско. Разликата во притисокот на крилото на воздухот создава момент на сила, што дополнително малку ја навалува рамнината на ротација. Бумерангот ротира околу својата оска, така што подигањето е поголемо во горната положба на ротација. Резултат: патеката е крива. Ова е познато во физиката како жироскопска прецесија.
Ако се фрли правилно, ротационата сила неизбежно ќе се појави и таа ќе биде константна за време на краткото летување на бумерангот и неговиот моментум (аголна динамика), па бумерангот ќе направи „купола“. Значи, неизбежно е да се врати кај тој што го фрлил.
Во соработка со Е наука
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја