Гостивар
Избрани двајца нови судии во Апелација Гостивар

Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар од кривична област. Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас.
Судијата Даут Рустеми од Основниот суд Гостивар, беше петорангиран, но со оглед дека првите тројца рангирани кандидати не го добија потребниот број гласови, а четврторангираниот ја имаше повлечено својата кандидатура, тој беше избран со 9 гласа „за“ и 3 гласа против.
Судијата Александар Милошески, од Основниот кривичен суд Скопје, беше шесторангиран, од вкупно 12 кандидати и со 10 гласа „за“ и 2 против, беше избран за судија во Апелационен суд Гостивар.
Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение