Здравје и убавина
Како да се скроти желбата за благо?

По главниот оброк, честопати кај луѓето се јавува желбата и потребата за нешто слатко веднаш потоа. Тоа е природно, но за оние кои држат диета, може да биде проблем. Следат неколку совети како тоа да се надмине и избегне.
Целосен појадок
Оние кои наутро имаат обилен здрав појадок, богат со влакна и јагленохидрати, како овес и овошје и, квалитетните протеини во месо, јајца и млечни производи, го почнуваат денот со стабилно ниво на шеќер во крвта. Патем, луѓето кои јадат повеќе обилни оброци наутро, помалку копнеат за храна навечер.
Јадења богати со влакна и протеини
Влакната и протеините го забавуваат варењето, па колку подолго се чувствувате, толку подолго и останувате сити. Комбинирајте сирење и овошје, или сушено месо и чинија житарки, тост путер од кикирики исто така е препорачливо.
Не гладувајте!
Луѓето честопати прескокнуваат оброк и мислат дека тоа е здраво… Сепак, тоа само ќе ја зголеми желбата за нездравите навики.
Кога луѓето се гладни, тие обично не бараат брокула, туку нешто благо за да го подигнат нивото на шеќер. Падот на тоа ниво предизвикува замор, главоболки, вртоглавица, морници или гадење. Јагленохидратите или протеините може да спречат таков пад и да се избегне желбата за слатки.
Ужина со сливи
Ако сакате слатки, обидете се да јадете некои природни слатки, како сливи. Тие се полни со корисни хранливи материи, меѓу другото, здрави и за коските.
Повеќе задоволство за поголемо количество серотонин!
Јадењето слатки може да ви даде чувство на моментно задоволство, но има и други начини да го постигнете тоа.
Шеќерот го зголемува количеството серотонин во мозокот. Тоа е хормон што прави човекот да се чувствува добро. За среќа, благото во оваа смисла може да се замени со вежбање и изложување на Сонце.
Добар сон
Доколку ноќе не спиете помеѓу седум и осум часа, тоа може да предизвика хормонален дизбаланс и силна желба за слатки и други „брзи“ јагленохидрати. Затоа е важно добриот и квалитетен сон да биде на прво место.
Храна богата со магнезиум
Кога „копнеете“ за шеќер, телото всушност Ви кажува дека му недостасува некој витамин или минерал. Магнезиумот е еден од нив. Замена за благото тука се авокадото, јаткастите плодови и друга храна богата со магнезиум.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја