Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како да си реновирате дома, а да ви излезе поевтино

Објавено

на

Уредувањето на домот може да биде сложена работа, бидејќи, покрај тоа што одзема многу време, често бара и поголеми финансиски инвестиции.

Порталот „Хоумс енд гарденс“ (Homes and Gardens) има неколку совети за заштеда, од стручни лица. Имено, дизајнерот Џошуа Смит вели дека одредувањето на буџетот е првиот чекор при уредување на домот. Треба да се биде свесен, се вели, колку еден човек очекува и може да плати за секоја подробност, бидејќи тоа ќе помогне да се држите до вашиот буџет.

Без компромиси во квалитетот

„Кога го уредувате домот, не треба само да заштедите пари, туку и да внимавате на квалитетот. Но, можно е да се украси домот со квалитетни, но достапни работи во исто време“, изјави дизајнерката и основач на компанијата „Урбанолоџи дизајнс“ (Urbanology Designs), Џинџер Кертис.

Во една прилика, вели, таа вложила дури 20 отсто од буџетот за перници, а тоа било затоа што тие би оставиле посебен впечаток во дневната соба што ја уредувала.

Купување трендовски мебел

„Пари може да се заштедат, на пример, и со реставрирање мебел и купување користени теписи коишто се во добра состојба… Не мора да купуваме „тренди-мебел“, бидејќи (трендот) се менува секој ден. Во овој случај, би било подобро да купите класичен мебел“, додава Џинџер.

Поголемо внимание на декорацијата

Иако цените на украсите за дом се значително пониски од цените на мебелот, тие исто така, може да чинат премногу пари. Дизајнерката Викторија Холи советува дека занемарувањето на „малите трошоци“ е многу честа грешка што, оти и тие треба да се земат предвид.

„Ако не сте доволно внимателни, буџетот за декорација може да го надмине оној за мебелот“, нагласува Холи.

Не избегнувајте користени работи

Може да се заштедат пари и ако понекогаш се купуваат користени нешта. Холи вели дека луѓето, трошат многу пари за нови книги за да ги наполнат своите полици и да покажат некој „посебен ефект“… Според дизајнерката, тој ефект може да се постигне и со купување постари, а многу поевтини книги.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена