Вести
Како одиграа ФК Гостивар и ФК Генч Калемлер во есенскиот дел од првенството?
Со одигрурвањето на натпреварите од 14.коло заврши есенскиот дел сезоната во Втората Македонска фудбалска лига – запад. Гостиварските претставници во ова натпреварување, екипите на ФК Гостивар и ФК Генч Калемлер имаа запазена улога во лигата. Пред почетокот на првенството на едните цел им беше директен пласман во Првата лига, на другите сигурен второлигаш од средниот дел од табелата.
ФК Гостивар го заврши есенскиот дел на четвртата позиција, со вкупно 19 бодови, 8 помалку од есенскиот шампион, екипата на Струга Трим Лум. Гостиварци во овие 14 одиграни кола имаа и промена на тренерската функција. На местото на Менсур Јакупи кој си поднесе оставка после поразот од Гобелен на домашен терен од 2:3, дојде Ерџан Менга.
Избраниците на актуелниот тренер Менга во досегашниот дел од првенството имаат скор од 6 победи, 1 нерешен натпревар и 7 порази. Ги совладаа екипите на: Кораб, Скопје, Струга Трим лум, Тетекс, Велазерими. Загубија од: Генч Калемлер, Гоблен, Пелистер, Лабуништа, Скопје и Струга Трим лум, нерешено имаа со Кораб во реваншот од вториот круг.
ФК Генч Калемлер, дебитатантот во 2 МФЛ – Запад, одигра повеќе од солидна улога во ова натпреварување. Екипата од Долна Бањица есенскиот дел од првенството го заврши на осмата позиција на табелата со 16 бодови.
Избраниците на тренерот Бирол Топчиу имаа одлично отварање на сезоната, дури после 6 кола на кратко беа и лидери на табелата. Но, техничкиот пропуст во победата против Скопје, ги чинеше службен пораз и одземање на три бода. Имаат скор од 4 победи, 4 нерешени и 6 порази. Ги совладаа екипите на: Пелистер, Гостивар и Кораб. Загубија од: Лабуништа, Скопје, Велазерими, Струга ТМ, Тетекс и Кораб. Нерешноо одиграа со: Тетекс, Гобелен, Пелистер и Лабуништа.
[poll id=”11″]
Вредно е да се спомене, со вклучувањето на ФК Генч Калемлер во 2 МФЛ, Гостивар после долги години доби градско фудбалско дерби. Во досегашните две пресметки помеѓу екипите на ФК Гостивар и ФК Генч Калемлер, „алигаторите“ од Долна Бањица излегоа како победници, ги добија двата натпревари со резултат 3:2 и 2:3.
Се одигра гостиварското градско дерби ФК Гостивар-Генч Калемлер 2:3 (фото галерија)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар