Гостивар
Кампања на полицијата во Гостивар: Користете сигурносни појаси во возилата
Неделава на поширокото тетовско-гостиварско подрачје започнаа планираните активности во рамките на сообраќајната воспитно-едукативна кампања, чие мото е „Летна кампања“, а што заеднички ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Во текот на кампањата на возачите од ова подрачје, покрај другото, ќе им бидат дистрибуирани околу 3000 флаери, испечатени на македонски и на албански јазик, со пораки и совети за задолжително користење на сугурносни појаси во возилата, во функција на поголема безбедност на возачите и сопатниците.
„Флаерите содржат, исто така, и појаснувања – кога и за што да се употребуваат ваквите појаси, но во нив се потсетува и на законските санкции за неисполнување на оваа законска обврска. Целта на ваквите активности и кампањата во целина е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите, дотолку повеќе што во летниот период значително е зголемена вкупната фрекфенција и на патиштата во Полошкиот регион.“, соопшти СВР.
Носител на активностите е Одделот за превенција.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар