Занимливости
Кан Шатур, најголемиот шатор во светот

Кан Шатур (Khan Shatyr) забавен центар во Астана, главниот град на Казакстан, моментално важи за најголемиот шатор во светот. Шаторот е направен од проѕирен материјал и поставен е на мрежа од кабли кои се закачени на централен столб висок 150 метри. Структурата има 200 метри широка елипсовидна база, со вкупна површина од 140.000 метри квадратни.
Под шаторот, на простор поголем од 10 фудбалски игралишта, се наоѓа урбан и модерен центар, улици, пловна река, шопинг центар, мини голф терен и плажа. Проѕирниот материјал овозможува проток на природна, сончева светлина и во комбинација со климатизацијата одржува удобна температура во шаторорт од 15 до 30 степени, и тоа додека надворешната температура варира од -35 до +35 степени во текот на годината.
Ово ј гигантски транспарентен шатор во текот на денот совршено се вклопува во околината, а во текот на ноќта се претвора во вистински спектакл од бои и светла кои веднаш привлекуваат внимание.
Официјално е отворен во 2010-та година од страна на долгогодишниот председателот на Казакстан Нурсултан Назарбаев.
“Khan Shatyr“, буквално преведено значи “шаторот на Канот, или кралот“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче