Гостивар
Казна за обложувалница во Гостивар заради непочитување на антикорона протокол
Инспекциски служби во контроли констатирале прекршувања на протоколот за заштита од коронавирус во спортски обложувалници во Тетово и Гостивар.
„Најголемиот број од инспекциските надзори во периодот од 10 до 16 јуни се направени од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат со поддршка на финансиска полиција, или со припадници на полицијата. При тоа се утврдени девет прекршувања на протоколите, од кои седум се однесуваат на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти и тоа четири во Скопје, по еден во Битола, Струга и Тетово, и два прекршока на протоколи во обложувалници во Тетово и Гостивар за што се предложени и соодветни кривични и прекршочни санкции.“, информираше Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска.
Во пресрет на отворањето на хотелите, таа ги повика хотелиерите максимално да го почитуваат Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување со кој се предвидени процедури за хотелскиот дел, ресторански процедури, употребата на санитарните јазли, општи препораки за гостите и препораки за постапување при појава на случај со симптоми со КОВИД-19.
„Ги повикувам хотелиерите, кои го очекуваа овој протокол, сериозно да пристапат кон правилна примена на сите мерки од овој протокол но и за сите други протоколи кои се однесуваат на работните места или организација на конференции, состаноци и други видови на обуки. Сите овие протоколи се значајни пред се за заштита на јавното здравје, заштита на гостите и посетителите на хотелите и заштита на персоналот кој работи во хотелите. Протоколите кои се однесуваат на мерките за превенција и спречувањето на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, по објавата во Службен весник, се објавуваат и на специјализираната веб страница koronavirus.gov.mk, каде што сите заинтересирани може да се информираат за сите мерки коишто Владата ги носи“, информираше Филипоска-Грашкоска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди