Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе се мапира и дигитализира археолошкото културно наследство на Гостивар

Објавено

на

Конзерваторскиот Центар во Гостивар изминатиот период за прв пат спроведуваше сондажни археолошки истражувања на локалитети во гостиварско, со цел за нивна заштита. Тим од гостиварскиот центар, во соработка со стручни екипи од Арxеолошкиот Музеј, од Националниот конзерваторски центар, како и истржувачи од катедра по Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје работеа на Ѓоновичко Кале и Калето над селото Равен. За во иднина планирано е мапирање и дигитализирање на археолошка карта на гостиварскиот регион.

„Македонија е многу богато тло со археолошки локалитети и гостиварскиот регион не е изоставен од тоа богатство. Ние како две институции, Конзерваторски центар Гостивар и Националниот конзерваторски центар, ма тична установа која секогаш дава стручна помош на останатите центри,  планираме повеќегодишна соработка. Во блиска иднина планираме мапирање и дигитална археолошка карта на Гостивар и со тоа да ја видиме целосната слика како Гостивар стои со археолошкото културно наследство и што треба во овој момент  да се направи за негова заштита. Со Конзерваторскиот центар плановите ни се големи, исчекорите први ни се веќе направени , што значи дека во иднина ќе имаме уште повеќе успеси. Интересно е тоа што се` што до сега се работело било исклучиво со површински проспекции, а никогаш не се направиле сондажни археолошки истражувања, што значи сега испишуваме  историја“, вели  д-р Сања И. Велкоска, од Националниот конзерваторски центар.

Првичните проценки на стручните лица се дека на гостиварското подрачје има околу 150 археолошки наоѓалишта.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена