Поврзи се со нас

Вести

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Објавено

на

Поранешниот американски претседател и можен претседателски кандидат на Републиканците во САД Доналд Трамп вчера, во Вако, Тексас, го одржа својот прв предизборен митинг за претседателската функција. На кој им вети на гласачите дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа, доколку биде реизбран.

Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин почнал да распоредува војници на украинската граница по „катастрофата“ на неговото „исфрлање од Белата куќа“, односно веднаш по неговиот пораз на изборите.

Тој ја обвини администрацијата на претседателот Џо Бајден дека не се ни обидува да преговара со Путин.

–Не случајно „длабоката држава“ уште повеќе ме прогонува откако ветив дека ќе ја завршам војната во Украина – рече Трамп.

Тој додаде дека би можел да ја заврши војната „многу брзо“ кога ќе биде избран за претседател.

-Ќе имам договор во рок од 24 часа. Стоејќи пред вас денес, јас сум единствениот кандидат кој ќе го даде тоа ветување. Ќе застанам на патот на Третата светска војна, кон која одиме – порача Трамп.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена