Спорт
КК Гостивар денес му гостува на актуелниот шампион МЗТ Скопје

Кошаркарите на КК Гостивар денеска од 19 часот во СЦ Јане Сандански му гостуваат на актуелниот шампион МЗТ Скопје.
Ова е второ коло од новата сезона и двете екипи запишаа победи на отворањето, гостиварци на домашен терен го совладаа Пелистер, МЗТ Скопје на гости славеше над ТФТ.
„Штрковите“ после 4 години се вратија во најелитното регионално натпреварување јадранската АБА лига, каде од три натпревари имаат исто толку порази (Црвена Ѕвезда, Партизан, Будучност), но сезоната е на самиот почеток и македонскиот шампион ќе има убава можност да ја претстави македонската клубска кошарка во меѓународни рамки, на едно врвно ниво.
Кај гостиварци по само едно коло следи промена во играчкиот ростер, на местото на Мајкл Стедмен кој не ги задоволи очекувањата, во Гостивар се враќа босанскиот интернационален Арсеније Вучковиќ кој беше на кратко во гостиварскиот тим пред неколку сезони, во меѓувреме настапуваше за КК Теодо Тиват, Сутјеска и Оломуц и Пардубице во чешка, Вучковиќ ќе дебитира на денешниот натпревар во Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава