Спорт
КК Гостивар денеска од 18 часот ќе го нагости Работнички

Во рамките на 4.коло од Првата македонска кошаркарска лига, денеска во Младост, КК Гостивар ќе је пречека екипата на Работнички.
Најтрофејниот македонски клуб има три од три во досегашниот дел од првенството, избраниците на Тони Симиќ успеаа да ги совладаат МЗТ 2, Феникс и Ангели, сепак ова ќе биде прв посериозен тест за Работнички. Странците Мацура, Емерсон и Мустафица се играчите од каде доаѓа најголемата опасност по противникот.
Кошаркарите на Гостивар во денешниот натпревар влегуваат со скор од две победи и еден пораз. Гостиварци ги совладаа екипите на Куманово и МЗТ 2, загубија од Еуроникел во првото коло. Во последните 11 меѓусебни дуели на овие две екипи „центарци“ имаат 8 победи, наспроти 3 на Гостивар.
Натпреварот се игра од 18 часот.
Влезници може да се најдат во Б&Б Тобако и благајна пред почеток на натпреварот.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава