Вести
КК Гостивар контра МКФ: Не е спорно само судењето, туку и делегирањето на судии

КК Гостивар со одговор до МКФ по повод нивната реакција за коментарите за судењето од страна на МКФ, која директно беше адресирана до гостиварскиот клуб, после завршувањето и елиминацијата на КК Гостивар од годинешниот КУП, кој се одржа во Гевгелија. Одговорот на КК Гостивар ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани,
Најпрво да ве потсетиме на Пропозициите за натпреварување. Бидејќи самите не ги почитувате правилата кои Вие ги одредувате. Полуфиналниот натпревар на КК Гостивар од годинешниот КУП 2019, како кажавте самите сте го прегледале, сеуште го немате прикачено на вашата страница да го погледнат и останатите, иако вашите правилата го налагаат тоа според Пропозициите за натпреварување Член 39. Која е потребата од ваквото непочитување на Правилникот за натпреварување, дали снимката е за ваши лични потреби, зошто се крие од јавноста и најпосле кој ќе поднесе одговорност за непочитување на правилникот?
Понатака, не е спорен само квалитетот на судењето, туку е спорен и нелегален методот на делегирањето на КУП 2019. Еден ден пред Купот е назначена техничка комисија за Купот која брои три членови и се грижи за легитимитетот на самиот Куп. Една од главните одредби на техничката комисија е делегирање на судиите. Во петокот по завршување на четвртфиналните натпревари, еден од членовите си даде неотповиклива отставка поради влијание на висок претставник од МКФ врз делегирањето на судиите и истата комисија не назначи нов член во продолжението на Куп натпреварите. Со ова се оспорува легитимитетот на делегирањето и начинот на кој се селектирани двајца судии без знакот на ФИБА, да бидат дел од полуфиналниот судиски тим. Бараме МКФ да се изјасни по ова прашање и да не насочи кон кого треба да се жалиме за оваа постапка, а воедно да ни одговори во чиј интерес била направена истата.
Со почит , КК Гостивар“
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?