Спорт
КК Гостивар не дозволи изненадување по вторпат, надигран Чаир 86-68

Заврши натпреварот од 8. коло во Првата македонска кошаркарска лига во кој екипата на КК Гостивар убедливо славеше против Чаир 2030 со резулатат 86-68.
Гостиварци несигурно го отворија натпреварот, со неколку промени на водството првиот период сепак им припадна на гостите од Скопје (22-24). Но, тоа беше се што покажаа новајлиите во лигата, на паузата се замина со резултат 42-37.
Во вториот дел резултатски гостите беа во игра, се до последните пет минути кога разликата се зголеми на 17 поени и победникот веќе беше одлучен, се чекаше само конечниот резултат.
Митевски беа најрасположени кај КК Гостивар постигнувајќи 19 поени, Пипкинс и Ефремовски постигнаа по 16 поени, Корсантија запиша дабл-дабл со 14 поени и дури 16 скока. Кај гостите најефикасен беше Рушити.
КК Гостивар со оваа победа повторно се врати на врвот на табелата, но Пелистер и МЗТ Скопје имаат по натпревар помалку.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос