Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар се подалеку од целта, загуби од Феникс 66-69

Објавено

на

Домаќините го отворија натпреварот со 11-0 на почетокот. Гостите беа во подредена улога во првиот дел но не дозволија натпреварот да премине во целосно несакан правец. Иако целиот прв дел беа во негатива, во ниту еден момент не се откажаа од желбата за надигурвање, на паузата се замина со резултат 37-26.

И во почетните минути во второто полувреме делуваше дека гостиварци го контролираат натпреварот, но благодарение на добрата игра во третата четвртина која Феникс ја доби со (9-14), дојдоа на минус два 46-44 по што започна драмата во Младост. Предноста која варирше од 6 до 8 поени гостиварци ја прокоцкаа на две минути пред крајот. По поените на Михајлоски, Гостивар водеше со минимални (54:53). Силаџи ја зголеми предноста откако погоди едно слободно фрлање (55:53).

Тодоровиќ и Петков разменија по два поени, за (57:55), и само 35.секунди за конечен епилог на овој натпревар. Тодоровиќ, несвојствено за него, ги утна двете слободни фрлања. Казни веднаш Вилијамс за нерешени (57:57), на седум секунди пред крајот, во кои новата шанса за победа на Гостивар ја пропушти искусниот Јанески.

Во дополнителните пет минути, младите играчи на Феникс 2010 делуваа мошне поискусно во однос на противникот, го отворија продлжението со две тројки на Михајлоски и Трајковски, за највисока предност на Феникс на мечот (57-63). Финишот беше игра на нерви и знаење, а му припадна на Феникс со конечен резултат 66-69.

Најефикасен на натпреварот беше Тодоровиќ со 15, пред Ефремовски со 12 поени, додека кај Феникс иако не беше најдoбар стрелеc најмногу се истакна младиот Марин Петков, најефикасен беше Михајлоски со 13 поени.

За Гостивар овој пораз е голем чекор наназад во трката за место кое води во завршниот Плеј-оф.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена