Спорт
КК Гостивар славеше на гостувањето во Чаир 93-97

Заврши вечерниот натпревар од 19. коло помеѓу Чаир 2030 и КК Гостивар во кој гостите славеа со резултат 93-97.
Доста ефикасно и изедначено прво полувреме одиграа кошаркарите на двете екипи. Првиот период им припадна на гостите (24-26), додека вториот (27-24) го добија домаќините, за на паузата се замине со резултат 51-50.
Во вториот дел продолжи лежерната, мека игра на двете страни. Гостиварци во третиот период успеаа да дојат до предност од +7 поени позитива, но домаќините брзо ја анулираа разликата пред истекот на третата четвртина. Кошаркарите на Гостивар фуриозно влегоа во последните 10 минути, брзо стигнувајќи до двоцифрена предност, позитивата успеаа да ја одржаат до крајот на натпреварот запишувајќи ја 13-тата победа сезонава.
Виктор Ефремовски беше најефикасен на натпреварот со 25 поени, Вучковиќ и Мустафица од Чаир постигнаа по 21 поен.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение