Поврзи се со нас

Вести

Кој и зошто ги пали шумите низ гостиварско?

Објавено

на

 

Поединци подметнуваат пожари по шумските предели во поширокиот гостиварски регион. Од Противпожарната единица во Гостивар оценуваат дека периодов има зголемен број на пожари на отворен простор, а се случувало и самите да бидат сведоци на намерно палење на шумите. Сметаат дека полицијата треба да реагира поефикасно во фаќање и казнување на  подметнувачите. „Често пати ние гледаме на шумските места, како се пали, на едно, на друго место. Ние не сме во можност да го фатиме човекот. Тука треба да интервенира полицијата, но знаеме дека до сега не се случило никој да е фатен и казнет, иако тоа е кривично дело.“, вели  Томе Василески, командир на Противпожарната единица во Гостивар

            Податоците покажуваат дека речиси секој втор ден избувнува оган по шумите во регионот на Гостивар. Во март и првата недела од април, пожарникарите интервенирале во над 20 пожари на различни локации, по шарскиот предел, на Сува Гора, во реоните на Куново, Лакавица, Симница, Печково, Равен. За среќа, до сега немало жртви и повредени, но се причинува значителна материјална штета. Кој и зошто ги пали шумите не може да се каже, но се претпоставува дека постои голема веројатност да станува збор за дрвокрадци.

Гостиварските пожарникари апелираат на повисока свест и поголема внимателност при престој на отворено за да се намали ризикот од избувнување на пожари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Вестипред 3 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена