Поврзи се со нас

Технологија

Користењето иста лозинка на повеќе места е „рецепт за катастрофа“

Објавено

на

Многумина имаат навика да користат иста лозинка за секоја корисничка сметка на интернет – без оглед дали се работи за е-пошта или за социјалните мрежи, луѓето ја користат истата комбинација за сѐ. Тоа е така најчесто затоа што на тој начин шифрата најлесно се помни.

Сепак, користењето иста лозинка на повеќе места е „рецепт за катастрофа“, според стручњакот за кибербезбедност, Јевгениј Касперски. Неговиот тим неодамна спроведе истражување коешто покажа дека околу 45 отсто од лозинките можат да бидат хакирани за помалку од 60 секунди, па во таа смисла, на пример не е мудро ниту да се користат имиња во лозинките. Се наведува дека хакерите направиле повеќе од 32 милиони обиди да научат лични лозинки во 2023 година, а тој број во иднина само ќе расте.

„Луѓето несвесно создаваат „човечки“ лозинки што содржат зборови од речникот на нивниот мајчин јазик – имиња, бројки итн., односно комбинации коишто лесно ќе ги запомнат. Но, дури и навидум силните комбинации ретко се сосем случајни, па алгоритмите можат да ги погодат“, објасни Касперски.

Така, додавањето по некој број, неколку големи букви и други симболи, ќе ја направи шифрата посилна. Се препорачува и помош од програма управувач со лозинки (Пассwорд манагер).

„Не користете лозинки што лесно може да се погодат од вашите лични податоци, како што се родендени, имиња на членови на семејството, домашни миленици или вашето име. Ова се често првите претпоставки што хакерот ќе се обиде да ги направи… Натаму, изберете двофакторна автентикација (2ФА). Иако не е директно поврзана со јачината на лозинката, 2ФА додава дополнителен слој на безбедност. Дури и ако некој ја открие вашата лозинка, сепак ќе му треба додатна автентикација за да пристапи до вашата сметка“, додаде тој.

Управувачот со лозинки е битна препорака што може да биде од помош, а има многу бесплатни апликации достапни за „Андроид“ и „ИОС“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Вестипред 3 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена