Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Користете кора од портокал за стомачни тегоби, јакнење на имунитет, против холестерол…

Објавено

на

Кората од портокал е моќен сојузник на здравјето и убавината. Богата е со витамин Ц, содржи антиоксиданси, како и диететски влакна.

Се препорачува за лица кои страдаат од стомачни тегоби, односно имаат проблеми со варење на храната и празнење на цревата. За таа намена се користи чај од кора од портокал. Најпрво оставате кора од еден протокал да се исуши, па ставете ја во врела вода да отстои 15 минути. Чајот пијте го без засладувачи.

Состојките од кората го намалуваат холестеролот, па затоа таа штити и од кардиоваскуларни проблеми. Флавоноидот хесперидин, што го содржи е одличен антиоксиданс кој го намалува крвниот притисок, што е главен причинител за срцеви болести.

За подигнување на имунитетот, може да си подготвите прав од кора од портокал. Исушете ја кората од 5-6 портокали, во рерна на послаба температура, за да не го уништите витаминот Ц. Потоа сомелете ја кората во мелница за кафе или во блендер. Правот кој сте го добиле чувајте го во сува тегла, добро затворена. Една лажичка од овој прав содржи двојно повеќе витамин Ц отколку самиот портокал. Се конзумира токму по една мала лажичка, во јадење, јогурт, сок и сл.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена