Вести
Лада го претстави новиот кросовер X-Cross 5

Рускиот автомобилски производител АвтоВАЗ минатата недела одржа дилерска конференција во Сочи, на која беше претставен новиот теренец на Лада, X-cross 5.
Lada X-cross 5 ќе биде првиот модел на АвтоВАЗ што ќе биде произведен во поранешната фабрика за автомобили на Nissan во Санкт Петербург. На презентацијата беше најавено дека сериското производство на моделот би можело да започне веќе на почетокот на ова лето, до крајот на 2023 година предвидено е 10.000 нови кросовери на Лада да излезат од производната лента на претпријатието.
Сепак, кросоверот со средна големина во суштина е кинески теренец FAW Bestune T77, компактен SUV кој е ребрендиран за рускиот пазар. Сите надворешни и внатрешни панели се идентични, вклучувајќи го и дигиталниот кокпит со двоен екран. Истото важи и за 1,5-литарскиот турбо бензинец кој произведува 162 КС, испраќајќи ја силата до предната оска преку шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач.
Фабриката на Нисан стана сопственост на АвтоВАЗ на 7 февруари 2023 година, за 99% од акциите во компанијата, рускиот производител на автомобили плати 1 евро. До пролетта 2022 година оваа фабрика составуваше кросовери Qashqai, Murano и X-Trail.
Цените на Lada X-Cross 5 сè уште не се објавени, но се очекува да бидат слични на неговиот близнак, FAW Bestune T77, кој моментално вреди околу (25.000 евра) во Русија.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение