Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Лимон, овошје со долга листа на корисни својства

Објавено

на

Лимонот е богат со разни витамини и антиоксиданси, поради што се смета за еден од најздравите видови на овошје. Многу луѓе си прават лимонада со вода и многу шеќер, но тоa сепак не е баш здрава опција. Наместо тоа, подобро е да исцедите еден лимон во чаша топла или ладна вода и да додадете лажиче мед. Покрај тоа, можете да користите сок од лимон како прелив за салати. Треба да се напомене дека целиот лимон е здрав, вклучувајќи го и сокот и кората од лимонот, доколку е органски.

Ова цитрусно овошје има повеќекратни ефекти врз телото, поради што треба да се користи во исхраната.

Ќе изгледате помлади

Лимонот може да ви помогне да изгледате младолико благодарение на големата количина на витамин Ц. Има студии кои покажуваат дека големиот внес на овој витамин е поврзан со помалку сува кожа и помалку брчки.

Го намалува крвниот притисок

Високиот крвен притисок е поврзан со развој на голем број болести, вклучувајќи откажување на бубрезите и срцев удар. Лимонот може да помогне да се спречат овие состојби. Луѓето кои конзумирале барем половина лимон дневно и оделе по 7.000 чекори дневно имале значително подобар крвен притисок, се вели во една студијата. Се разбира, не треба да се потпирате само на лимон ако имате висок крвен притисок, но тој сигурно може делумно да ви помогне.

Нема да бидете гладни

Ако често се прејадувате, лимонот може да ви помогне затоа што содржи пектин, кој се наоѓа во лушпата и цитрусната пулпа, и кој ви помага да се чувствувате сити подолго.

Помага при слабеење

Лимонот е богат со полифеноли кои содржат антиоксиданси. Исто така, забележано е подобрување на нивото на шеќер во крвта, лептин и инсулин.

Помага при воспаление

Витаминот Ц има антиоксидантни својства кои ги ублажуваат воспаленијата.Тој е клучен во борбата против воспалението и во заштитата на имунолошките клетки.

Лимонот ги ублажува настинките

Лимонот може да ви помогне да закрепнете од настинка порано и да го зајакнете имунолошкиот систем. Покрај тоа, витаминот Ц помага при состојби поврзани со респираторни проблеми.

Ќе пиете повеќе вода

Водата помага при слабеење, го забрзува метаболизмот и обезбедува повеќе енергија. Понекогаш ни е здодевно да пиеме само обична вода. Ако додадете лимон во обична вода, добивате одличен освежителен пијалок.

Спречува појава на камења во бубрезите

Ако некогаш сте имале камен во бубрег, знаете каква болка носи со него. Но, ако лимонот е дел од вашата редовна исхрана, можеби нема да треба да се грижите за тоа. Лимонот има голема количина цитрат, што е докажано дека спречува појава на камења во бубрезите.

Го подобрува холестеролот

Лимонот е полн со состојки кои се борат против холестеролот, вклучително и витамин Ц, за кој е докажано дека го намалува нивото на лош холестерол. Покрај тоа, лимонот содржи флавоноиди кои го намалуваат нивото на лош холестерол и триглицериди.

Лимонот е добар за здравјето на мозокот

Иако луѓето често се фокусираат на она што е добро за одредени делови од телото, тие не треба да го заборават мозокот. Одредени состојби, како што е Алцхајмерова болест, може да се појават кај некои луѓе на одредена возраст. Затоа, важно е да се обрне внимание на некои животни навики, но и диета со цел да се намали ризикот од развој на такви состојби.

Студија објавена во списанието за Алцхајмерова болест покажала дека лимонот може да спречи сериозен ментален пад. Одржувањето на здрави нивоа на витамин Ц заштитува од когнитивниот пад поврзан со возраста. Затоа, проверете дали внесувате доволно витамин Ц за да го заштитите вашиот мозок.

Помага при движења на дебелото црево

Лимонот е добар и за одржување на здравјето на дигестивниот тракт. Благодарение на неговата висока содржина на растворливи влакна, лимонот помага при редовно празнење на дебелото црево. Покрај тоа, ова овошје содржи и лимонска киселина, која исто така помага при варење.

Ќе имате свеж здив

Киселината содржана во лимон ќе ви го освежи здивот и ќе ги неутрализира непријатните мириси. Ако сте јаделе лук или кромид и сакате да се ослободите од непријатниот мирис, земете лимон.

Иако лимонот е одличен за лош здив, лимонската киселина може трајно да ја оштети забната глеѓ. Ова може да доведе до промена на бојата на забите и прекумерна чувствителност, и на крајот до кариес и евентуално расипување на забите. Значи, и покрај бројните здравствени придобивки што ги има лимонот, умерената потрошувачка е клучна.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 13 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 14 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 17 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 17 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 18 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 19 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 20 часа

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 21 час

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена