Гостивар
Литургија во Света Петка во Гостивар во спомен на Светите Козма и Дамјан

Утрово, во спомен на светите бесребреници Козма и Дамјан, во храмот Света Петка во Гостивар, беше отслужена света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско гостиварски господин Јосиф во сослужение на протоереј Трпе Богојески и протоереј Александар Јанкоски.
По завршувањето на литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот се обрати кон верниците со пригодна беседа на која меѓу другото нагласи:
„Денеска, нашата света Црква по празникот Павловден, го прославува денот на светите бесребреници Козма и Дамјан. Овие двајца браќа изучиле вештини да лекуваат луѓе со разни лекарства. Односно, со лекарства кои ги правеле од собирање на лековити билки. Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет и праведен живот ја изливал Својата благодат врз нив за да се покаже Неговата сила преку делувањето на овие бесребреници. Уште од самиот почеток, овие свети браќа зеле завет пред Бога дека нема да наплаќаат, ниту пак ќе примаат било какви подароци од луѓето на кои ќе им помагаат во лекувањето на најразличните болести, маки и страдања. Со други зборови, биле свесни и цврсто уверени дека ниту тие, ниту пак нивните треви ја имаат таа сила да лекуваат разни болести, туку, милоста Божја ја излива Својата благодат, а тие се само орудие преку кое делува силата, односно, благодатта Божја. Токму ова сознание ги инспирира на заветот да не наплаќаат и да не примаат ништо во знак на благодарност. И ние денеска, кои сме собрани во нивна чест, да се обратиме кон нив со искрена молитва. Да бидат наши заштитници а и застапници пред лицето Божјо. Преку нивните молитви да ја зачуваме верата, а Бог да ни даде сила и мудрост и ние да се издигнуваме кон височината, кон Божјата правда, па измолувајќи благодат Божја, да наследиме Царство небесно. Денес мојата беседа во овој храм би ја завршил со една мисла од старец Ефрем Филотејски која можам да ја употребам бидејќи може денес немаме вакви лекари како светите Козма и Дамјан, но можеме да се молиме за нашите ближни кои боледуваат и страдаат. Тој вели: Влезете во некоја психијатриска болница за да видите колку многу човечки души страдаат. Ние, пак, кои сме „здрави“ сме повикани да не ги забораваме овие луѓе! Тие не би требало да бидат изоставени од нашите молитви и од нашата грижа. Да Го молиме Бога да испраќа трпение, олеснување, да дава исцеление. Треба да ги земеме на себе страдањата на нашиот ближен. Ако не правиме така, значи немаме љубов! Ако заборавиме на нив, надвор сме од Божјата љубов! Господ им дава испитанија за да ги прими во Своето Царство, но од нас бара да им покажеме сострадалност. Тоа што се затворени таму не значи дека треба и ние да ги напуштиме! Бидејќи и ние исто така би можеле да се најдеме таму еден ден. По молитвите на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан Господ сите да не помилува.“
На крај од литургијата верниците се причестија со светите тајни на христијанството.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!