Поврзи се со нас

Спорт

Македонија на 90 минути од Европско првенство – Денес од 18 часот против Грузија

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија, денеска во Тбилиси, го игра најзначајниот натпревар во својата фудбалска историја. Со победа над Грузија, македонските фудбалери ќе изборат пласман на Европското првенство. Ниту Македонија ниту Грузија досега не настапиле на ните едно големо натпреварување како Европскиот шампионат.

Игор Ангеловски има проблеми со составување на тимот поради позитивните тестови на Ристевски и  Велковски, неочекуваната повреда на Барди ќе биде најголемиот хендикеп за „црвено-жолтите“, неизвесен и е капитенот на Динамо, Аријан Адеми, сепак селекторот најавува дека националниот тим ќе атакува на победа.

Проблеми околу составот има и Владимир Вајс, на Грузијците ќе им недостасуваат тројца мноу важни играчи, Чакветаѕе, Кваратцкелија и Шенгелија.

За очекување е македонската селекција да излезе во формација 3-5-2, со Димитриевски на голот, Бејтулаи, Муслиу и Велкоски во одбраната, по страничните позиции стандардно Стефан Ристовски десно и Езгијан Алиоски лево. Во средината Николов, Спировски или Адеми и Елиф Елмас во редот за врска како поддршка за напаѓачите Несторовски и Пандев.

Мечот на „Динамо арена“ ќе започне во 18 часот, а ќе го суди искусниот Англичанец Ентони Тејлор.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена