Поврзи се со нас

Спорт Македонија

Македонија вечерва го почнува настапот на ЕП – Прв противник Украина

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20.30 часот, во Виена го почнува настапот на Европското првенство кое започна вчера, а ќе трае до 26 јануари, во Австрија, Норвешка и во Шведска.

Селекцијата на Украина ќе ѝ биде првиот противник на репрезентацијата на Македонија. Украинците се добро познатa физички силна екипа, важат и за една од највисоките екипи на ова Европско првенство. Поголемиот дел од ракометарите се од домашното првенство, во составот има и седум интернационалнци меѓу кои се и играчите на битолски Еурофарм, Владислав Остроушко и Александар Шевелев.

Македонија и Украина меѓусебно имаат одиграно четири дуели, два од натреварите завршиле нерешено, по една победа имаат и двете селекции. Нашата селекција е фаворит во овој дуел и според обложувалниците „црвено-жолтите“ се во предност со коефициент 1.35 за победа на Македонија, наспроти 4.75 за победа на Украина.

Единствен факт кој не им оди во прилог на нашите ракометари е тоа што Македонија веќе традиционално има проблем на отворањето на европските првенства, од пет премиерни натпревари на европските првенства има само една победа. Да веруваме вечерва ќе се „скрши“ и тој малер.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Каде ќе одите на одмор ова лето?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!