Поврзи се со нас

Гостивар

Медицинарите ги собраа пехарите на општинскиот натпревар по прва помош во Гостивар

Објавено

на

Викендов што измина во Гостивар се одржа општински натпревар по прва помош за  млади, кој традиционално го организира Црвениот крст. Во натпреварувањето учествуваа екипи од средното медицинско и економското училиште од Гостивар и гимназијата од Маврово Ростуше.

Средношколците имаа можност да ги покажат своите знаења и вештини за справување во случај на итна потреба од помош на повредени и болни лица во различни ситуации, за што беа оценувани од комисија.

„На овогодинешниот натпревар по прва помош апсолутен победник е средното медицинско училиште ,,Гостивар” , односно трите места ги освоија трите екипи од истоименото училиште. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гостивар упатува честитки до победниците и благодарност до сите учесници.“, соопштија организаторите.

Општинскиот натпревар по прва помош за млади во Гостивар се одржа по 37-ми пат. Натпреварувањето на државно ниво ќе се организира во септември. Целта е да се гради натпреварувачки дух кај младите и да се едуцираат за пружење помош на повредени и болни лица.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена