Вести
Меѓународниот фудбал само што започна – Македонските тимови експресно испаднаа од ЛШ и ЛЕ
Македонските фудбалски клубови кои изминатава сезона изборија место во меѓународните натпреварувања под капата на УЕФА, ги одиграа своите натпревари.
Иако, за Лигата на Шампиони и Лига Европа ова е загревање, македонските клубови експресно го завршија своето учество.
Четири од четири екипи кои не претставуваат во Европа испаднаа уште во првиот круг. Шампионот Шкендија во квалификациите за ЛШ испадна од Номе Каљу, Академија Пандев нокаутирана од Зрински, Македонија Ѓ.П. прими 6 гола од Алашкерт, Шкупи пет пати ја вадеше топката од мрежа во дуелите со Пјуник.
Ова е исходот на македонските фудбалски клубови со противници надвор од границите на државата. Меѓународниот фудбал штотуку започна да се загрева за возбудувањата што следат, македонските тимови ја чекаат следната сезона за натпревари од ваков карактер. Среќа, што правилата на УЕФА така налагаат, па испаднатите од ЛШ ќе играат квалификации за ЛЕ, така тетовска Шкендија ќе има нови 180 минути да не претставува во фудбалска Европа.
Од вкупно осум одиграни натпревари, само една победа и еден нерешен исход, а дури шест порази претрпеа четирите македонски преставници на европската сцена.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар