Македонија
Министерството ги повика докторите да изразат интерес за работа во Здравствените домови и болници

Министерството за здравство објави јавен повик за изразување интерес за работа во установите од примарна здравствена заштита, на кој може да се пријават сите доктори на медицина кои имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа, за да си го исполнат условот за специјализација.
„Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита докторите на медицина со лиценца за работа, треба да поминат на работа шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом, како еден од условите за запишување на специјализација. Напоменуваме дека овој услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината – доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година согласно Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита. Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.“, информира Министерството.
За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, со лични податоци, копија од лиценцата за работа и назив на јавната здравствена установа во која се изразува интерес да се врши работата според местото на живеење на заинтересираниот кандидат.
Пријавата со документацијата се доставуваат во Министерството за здравство, најдоцна до 15 јуни 2019 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите