Вести
Млади гостиварци несебично помагаат на сиромашни семејства

Група млади луѓе од Гостивар ги здружија силите за помош на социјално загрозени семејства. Од нивните големи срца и несебичност се роди иницијативата под име „Хуманост пред се`“. Младите гостиварци, кои ги има од различни националности, хуманитарните акции ги започнаа летово, а својата мисија ја продолжуваат и овој период. Моментално собираат помош за 27 сиромашни семејства од Гостивар и апелираат до граѓаните да се вклучат во што поголем број.
„Ве замолуваме да се вклучите во оваа хуманитарна акција и неизмерна желба да се помогне на оние на кои им е потребно. Да им покажеме дека не се сами во борбата со нивниот тежок живот и дека ние сме тука да помогнеме. Да донираме заедно, да ја покажеме нашата човечност и хуманост на дело. На овие семејства им се потребни многу работи, но пред се` да не дозволуваме нивните мали деца да заспиваат со празен стомак и во ладни соби.„, се вели во апелот на групата „Хуманост пред се`.
Граѓаните може да донираат: храна, зимска облека и обувки за дечиња и возрасни, прибор за јадење, садови за готвење, лекови, средства за лична хигиена, пелени за бебиња, ќумбе, греалка, стара покуќнина.
Групата бара и волонтери кои ќе помогнат во пренесување на донациите до семејствата и ќе се приклучат и во други активности на иницјативата.
„Хуманост пред се`„ ја создадоа гостиварците: Габриела Костиќ, Теута Бајрами, Марјан Пејовски, Еци Митевска и Стеве Станојич. Големо БРАВО за нив и поклон до земја. Вие сте пример што треба да го следи секој млад човек.
Може да ги исконтактирате преку тел. 078-371-805 (Габриела) или преку фејсбук: Хуманост пред се – Гостивар
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022