Здравје и убавина
Моден хит: Високи потпетици со 3D пеперутка, обетки во форма на алка.
Модните додатоци се многу важни за изгледот на една современа дама. Следната сезона најмногу ќе се обрнува внимание на модните аксесоари. Во продолжение ви нудиме неколку модни додатоци за сечиј вкус, кои ќе ја одбележат пролетната мода во 2018 година.
Долги ракавици
Долгите ракавици досега не се среќаваа во уличната мода, но оваа пролет ќе бидат достапни за сите они кои сакаат да ги носат.
Ринг обетки или обетки во форма на алка
Некои работи никогаш не ја губат модата и нивната вредност, истите се модерни години наназад со повремени паузи. Сигурно чувате еден пар вакви обетки во вашата кутија за накит.
Марама наместо ланче
Со марамите може да се импровизира, минатата сезона тие беа дел од додатоците во косата, некои пак не ја изгубија својата стилска битка и останаа во мода како замена за лачне.
Куси мрежести чорапи
Некои работи освен што се модерни, се и многу корисни. Кусите мрежести чорапи се идеални за деновите во пролет и лето. Оваа пролет може да ги носите и со патики.
Фустан со ремен
Овие фустани убаво изгледаат и го дефинираат струкот, без разлика дали треба да се истакне или сокрие. Ременот одговара со секоја должина и со секој модел, лежерен или вечерен, на вас оставаме да одлучите.
Високи потпетици со 3D пеперутка
Во широкиот спектар на високи потпетици, овие се посебни бидејќи изгледаат поразлично од другите. Високите потпетици со 3D пеперутка многу е тешко да се најдат кај нас, но доколку навистина ви се допаѓаат можете да ги набавите преку интернет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ