Поврзи се со нас

Македонија

МОН подготвува препораки за побезбедни училишта и спречување на врсничкото насилство

Објавено

на

Министерството за образование и наука соопшти дека подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. „Основа на процесот се заклучоците кои произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба.“, стои во известувањето.

По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница.

„Во меѓувреме секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за одржувањето на мирот и безбедноста во училиштата и во градењето на средина во која учениците ќе бидат фокусирани едниствено на стекнување знаења и вештини, а насилството нема да биде тема.“, велат од Министерството.

Во меѓувреме и понатаму активни остануваат електронски адреси [email protected] и [email protected], каде може да се пријавуваат случаи на насилство во училиштата. Досега пристигнати се 20-тина пораки, од кои дел се од поранешни професори во форма на сугестии за тоа како да се спречи насилството во учлиштата, а има и пријави од ученици кои претрпеле одредена форма на насилство, за што надлежен за постапување е Државниот просветен инспекторат.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена