Поврзи се со нас

Рецепти

Мора да се проба! Сочна пита со модри сливи

Објавено

на

Ако сте љубител на овошни пити, ово рецепт е добредојден за вас. Едноставна подготовка и состојки, а одличен резултат, вкусна и сочна пита која се топи во уста.

состојки:

500 гр. готови кори за пита

1 кг сливи

4 јајца

1 филџан шеќер

1 филџан јогурт

1 филџан гриз

120 мл. масло

прашок за печиво

ванилин шеќер

За шербет:

1 филџан шеќер

450 мл. вода

ванилин шеќер

Подготовка: Сливите убаво се мијат, се чистат од коските и се сечат на четвртина. Потоа се матат јајцата и шеќерот и се додаваат јогурт, масло, гриз и прашок за печиво. Сето добро треба да се соедини. Врз премачакн плех се става првата кора. Врз неа се нанесува од филот. Постапката повторете ја уште три пати, а врз четвртата кора ставете половина од сливите, па наросете со ванилин шеќер. Потоа наредете уште четири кори, секоја премачкана со фил. Наредете ја и втората половина сливи. Па уште четири кори преку сливите, а секоја премачкајте ја со фил. Питата исечете ја на парчиња, па премачкајте ја со остатокот од фил.

Се пече 10 минути на 200 степени, па уште 40 минути на 180 степени. Додека питата се пече, пригответе го шербетот.

Водата, шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги да провријат, па на тивок оган варете 6-7 минути.

Со шербетот прелијте ја готовата пита. Се сервира откако ќе се излади.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена