Поврзи се со нас

Гостивар

МРП и ХПВ вакцинацијата во Гостивар со најнизок опфат-Дебата за важноста на имунизацијата

Објавено

на

„Дезинформациите и антивакциналните кампањи кои најчесто се шират преку социјалните мрежи придонесуваат за опаѓање на опфатот со вакцини и зголемување на ризикот од ширење на заразни болести. За вакцините граѓаните да се информираат од стручни лица, а не од интернет.“ Ова беа некои од главните поенти пренесени на денешната дебата што се одржа во Гостивар на тема Важноста на редовната имунизација. Целта беше да се покрене свеста за корисноста на вакцинацијата.

„На нашето подрачје состојбата со имунизација е задоволителна, но не е одлична. За да биде добра, да функционира таа колективна заштита на населението, треба процентот на вакцинирање да биде над 95% , во Гостивар стигнавме до 83% општо. Но, има вакцини што се со многу мал процент, населението одбива да ги прима. ХПВ е со многу мал процент околу 40% , МРП стигнавме до 73%, што е подобро, но сепак недоволно. Тие две вакцини ни се најпроблематични“, рече д-р Дафина Богдановска Влаховска од Здравствениот Дом.

Медицинските лица потенцираат дека вакцинацијата е најдобар начин на заштита на населението до заразни болести.

„Вакцините се безбедни зад нив стојат Министерството за здравство, Агенцијата за лекови, значи се проверени, ланецот за транспорт е сигурен. Граѓаните тоа мора да го сфатат. Некако повеќе им се верува на социјалните мрежи, на некои инфлуенсери, отколку на стручни лица. Сепак, тие не може да имаат повеќе познавање од стручните лица“, рече докторката Богдановска Влаховска.

Како амбасадор за промоција на имунизацијата во Гостивар е избрана Аслијан.Снопче, раководителка на Секторот за образование во општината.

„Треба да се сензибилизираат луѓето за важноста на вакцинирањето, затоа што честопати се појавуваат дилеми околу тоа: Дали треба вакцина или не. Медицината докажува дека тоа е за доброто на здравјето на сама личност, како и за доброто на целата заедница.“, кажа Снопче.

Настанот се организираше во соработка со Канцеларијата на СЗО, УНДП и Здружението „Биом“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена