Вести
МВР: Носете кацига и почитувајте правила – Продолжуваат контролите на мотоциклистите
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/09/moor.jpg)
Продолжуваат интензивните контроли врз мотоциклистите во Гостивар. На гостиварското подрачје деновиве се случија неколку сообраќајни несреќи, во кои учествуваа мотоциклисти, претежно без возачки дозволи и кои завршија со неколку повредени лица. Со оглед дека во полн ек е сезоната на користењето мотоцикли, најмногу од младите, а често и малолетници, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува дека за да се управува ваков вид моторно возило потребна е соодветна дозвола.
Во спротивно следува поднесок и парична глоба која за овој вид прекршок изнесува 300 евра во денарска противвредност и уште толку за лицето кое на прекршителот му го дало на користење мотоциклот.
Оние кои ќе бидат откриени дека управуваат нерегистрирани мотоцикли, исто така, ќе се соочат со поднесоци и глоба која се движи од 100 до 500 евра. Оние кои непоседуваат и неупотребуваат заштитни кациги се соочуваат со глоба од 50 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово изминатите два месеци реализираше повеќе контролни активности, во чие средиште беше оваа категорија учесници во сообраќајот, кои со зголемен интензитет ќе продолжат до крајот на овој и идниот месец.
СВР Тетово потсетува за севкупна внимателност во сообраќајот со оглед дека претстои доаѓање на поголем број времено вработени во странство, со што значително ќе се зголеми вкупната динамика, односно сообраќајна фрекфренција на улиците во Гостивар и околните регионални и локални патишта.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди