Спорт
МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Заврши претпоследниот натпревар за екипите на КК Гостивар и МЗТ Скопје во годинешната Суперлига. Пред празни трибини во младост славеа гостите од Скопје 72-85.
Гостиварци храбро влегоа во натпреварот успевајќи за 10 минути да постигнат дури 30 поени во кошот на противниокот, добивајќи го периодот (30-23). Актуелниот шампион заигра во вториот период, целосно свртувајќи го резултатот до паузата, на која се замина со резултат 43-45.
Во вториот дел МЗТ Скопје додаде гас, долгата и квалитетна клупа им овозможи на гостите да наметнат силно темпо кое домаќините не можеа да го испратат во целост, па разликата на семафорот полека но сигурно се зголемуваше во корист на екипата на Александар Петровиќ, стигнувајќи до најубедливи 49-63, пред крајот на третата четвртина. Во последниот период Гостивар најде сили да внесе доза на неизвесност, намалувајќи ја разликата на -5, но немаше сили за целосен пресврт.
Никола Силаџи одигра одличен натпревар постигнувајќи 25 поени и 11 скокови, Јанески постигна 18, Рансом 16 поени. Кај МЗТ Скопје, Војдан Стојановски и Рикиќ беа најефикасно со по 16 поени.
МЗТ Скопје со оваа победа се поблиску е да ја обезбеди првата позиција на табелата пред почетокот на финалниот Плеј-оф. КК Гостивар билетот за влез помеѓу топ 4, ќе го вади во последниот дуел во недела, против екипата на ТФТ Скопје.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022