Занимливости
На дрво наредиле дијаманти и оп – елка од 14 милиони евра
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/12/0_swns_expensive_tree_017-1.jpg)
Вчера беше претставена најскапата новогодишна елка на светот, со проценета вредност од 13,95 милиони евра.
Изложена е во лобито на луксузниот хотел „Кемпински“ во Марбела, Шпанија, за да го одбележи почетокот на сезоната на празници, а толкава вредност достигна исклучиво поради вредните украси. Сите украси се лично креирани од британската славна дизајнерка, уметница и експерт за дијаманти Деби Вингам.
На дрвото се закачени некои од најскапите уметнички дела ширум светот. Деби направи дури 500 украси, а покани уште неколку уметници да и се придружат и да придонесат во изработката на најскапата елка на светот.
Декорациите вклучуваат исклучително вредни розови, црвени, бели и црни дијаманти, четири-каратен сафир и рециклиран накит од најпознатите брендови (Булгари, Картиер, Шанел…), но и класични традиционални слатки, без кои празниците не можат да поминат.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград